Дали уживате во шолја добро кафе и не сакате да се откажете од тоа?

И не мора, но потрудете се одвреме-навреме да го замените со напитоци што се добри за вашето тело, особено за работата на црниот дроб – прочистуваачот на телото.
На прво место е топол пијалак од мед и лимон, кој ќе ви го подигне доброто расположение за цел ден, а воедно е и вкусен.
Сè што ви треба е мед, сок од половина лимон и чаша вода. Измешајте ги сите состојки и испијте го наместо кафе. Овој пијалок ќе го потисне секое чувство на умор и поспаност наутро, а го зајакнува и имунолошкиот систем.
Ледениот чај со лимон и мајчина душица ќе го подобри вашето расположение и ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Подгответе го чајот така што ќе загреете чаша вода со гранче мајчина душица и прстофат цимет.
Кога водата ќе зоврие, ставете кесичка црн чај во неа. По три минути извадете го и на крајот додајте во напивката рендана кора од лимон. Процедете го чајот, изладете го и уживајте.
Зелениот чај отсекогаш бил познат како замена за кафе бидејќи содржи кофеин, поради што го подобрува расположението и ја враќа енергијата.
За да подготвите мача лате, потребна ви е половина шолја вода, лажица „мача“ во прав, што е прав од листовите зелен чај, половина шолја кравјо млеко, половина шолја кокосово млеко, лажица мед и неколку капки екстракт од ванила.
Во шолја ставете го „мача“ прашокот и прелијте го со вода, па добро измешајте. Загрејте ги кравјото и кокосовото млеко со ванила и мед, па во него додадете ја подготвената „мача“ и измешајте.