Легендата на светскиот фудбал Диего Армандо Марадона почина вчера, но луѓето на Twitter наместо со него, се збогуваа со поп-пејачката Мадона, пишува Telegraph.
Луѓето најверојатно се збуниле поради презимето на легендарниот фудбалер, но наместо да ја проверат информацијата, изразија сочувство поради смртта на Мадона.
„Почивај во мир Мадона“, „Не знаев дека првото име на Мадона е Диего. Почивај во мир“, „Мадона, никогаш нема да те заборавиме“, „Мадона, засекогаш ќе останеш во нашите срца“, се само некои од објавите на Twitter.
„Ударна вест! Мадона е пронајдена жива во нејзината куќа“, додаде уште еден корисник на Twitter.