Намирници кои го поттикнуваат лачењето на хормоните за спиење и обезбедуваат добар и здрав сон

Добриот сон е секогаш неопходен, а многу луѓе кога не можат да заспијат се обраќаат кон некаква помош како што е мелатонин, хормон што го нарекуваат хормон за спиење.

Сепак, имајќи предвид дека мелатонинот е хормон, има многумина кои претпочитаат да избираат природни средства кои обезбедуваат добар сон.

Производството на мелатонин главно се одвива во епифизата, но и во цревата и повеќето клетки во телото. Но, мелатонинот, кој се произведува во епифизата, го регулира деноноќниот ритам и циклусот сон-будење.

Некои намирници се богати со соединенија кои го поттикнуваат спиењето, како што се триптофан, магнезиум и мелатонин. Јадењето на овие намирници може да ни помогне да спиеме подобро со природно зголемување на нивото на мелатонин во телото.

Млеко

Чаша топло млеко е добро познат и вообичаен лек за спиење бидејќи млекото е еден од најдобрите диететски извори на мелатонин. Содржи и аминокиселина триптофан, која ја зголемува концентрацијата на мелатонин и серотонин и ни помага полесно да заспиеме.

Ф'стаци

Многу јаткасти плодови како што се индиските ореви и бадемите содржат мелатонин, но ф'стаците имаат најмногу. Ф'стаците се богати и со витамин Б6, кој помага да се претвори триптофанот во мелатонин. Тие се одличен извор на влакна, омега 3 масни киселини, кои се поврзани со подобар квалитет на сон, како и антиоксиданси.

Масна риба

Масните риби како лососот и туната не се само храна богата со мелатонин, туку и со витамин Б6, омега 3 масни киселини, магнезиум и витамин Д, од кои сите се важни за регулирање на серотонин, за здрав и добар сон и подобро функционирање на човекот во текот на денот.

Пченка

Без разлика дали уживате во печена или варена пченка, секоја од нив содржи многу мелатонин. Пченката содржи и триптофан, кој го поттикнува спиењето, како и витамин Ц, антиоксиданси, магнезиум и растителни влакна.

Тагови
реклама

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Read more

Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

Read more

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Read more

Живот

Што ќе ни донесе ретрограден Јупитер во Близнаци?

Read more

Зошто ви е потешко да станете од кревет кога врне?

Read more

Три хороскопски знаци ќе имаат среќа со парите од 9 октомври

Read more

Како да го спасите вашиот пожолтен спатифилум?

Read more
 

Магазин

Што треба да јадете за слабеење ако имате над 40 години?

Читај повеќе

Три знаци во ушите кои можe да сигнализираат смртоносна болест

Читај повеќе

Како шетањето во природа може да ви помогне да се откажете од пушењето?

Читај повеќе

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Читај повеќе

Зошто почнуваме да си личиме со партнерот по некое време во врска?

Читај повеќе

Како да го намалите бројот на калории во вашите омилени јадења?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Есенска крем супа од печурки и зеленчук

Читај повеќе

Два рани знаци кои може да укажуваат на срцев удар

Читај повеќе

Откриено која храна е најопасна за дијабетичарите

Читај повеќе