Намирници кои ја оштетуваат вашата ДНК

Дознајте кои четири вида намирници предизвикуваат воспалителни процеси во вашето тело и ја оштетуваат ДНК-та.

Телото ги користи воспалителните процеси за да се бори против болести и за да ги лекува повредите, но хроничните долготрајни воспаленија можат да бидат опасни бидејќи ги оштетуваат клетките на ДНК-та што може да доведе до рак.

Исто така, константното воспаление во телото може да предизвика инсулинска резистенција која е еден од предизвикувачите на дијабетес, поттикнува таложење во артериите и предизвикува создавање крвни згрутчувања што може да предизвика различни срцеви заболувања.

Ризикот од хронични воспаленија зависи и од исхраната – шеќерот, месните преработки и пржената храна можат да предизвикаат воспаленија во телото. Со ограничување на овие намирници може да помогнете во намалување на овие процеси и со самото тоа намалување на ризикот од хронични болести.

Треба да избегнувате четири вида намирници:

1. Храна богата со шеќери

Премногу слатката храна може да предизвика воспаление стимулирајќи производство на масни киселини во црниот дроб. Шеќерите исто така помагаат во производство на инсулин и на тој начин го зголемуваат создавањето маснотии во телото.

Проблемот настанува во тоа што масните клетки создаваат воспаленија, смета Дајан Јавели, нутриционист од Медицинскиот центар на Универзитетот во Вашингтон.

Ограничувањето на внесување газирани сокови, чоколади, торти и колачи помага во спречување создавање на воспалителни процеси.

2. Црвено месо и преработки

Преработеното месо е месо модифицирано со сушење, солење, чадење или додавање хемикалии за конзервирање.

Истражувањата покажаа дека консумирањето масно преработено и црвено месо може да предизвика дебелеење и воспаленија, смета нутриционистот Велонда Андерсон.

3. Одредени масла за готвење

Многу масла содржат омега-6 масни киселини кои сами по себе не се лоши бидејќи телото ги користи за енергија и нормален раст. Но, мора да водиме сметка за баланс меѓу омега-6 масни киселини и омега-3 масти кои се добиваат од лосос, скуша и ленено семе. Ако јадете премногу храна богата со омега-6 може да ја нарушите рамнотежата во организмот.

4. Пржена храна

Обично има високо ниво на омега-6 масни киселини и често содржи транс масти. Тие во телото произведуваат соединенија кои се нарекуваат слободни радикали и директно стимулираат воспаленија.

Што е корисно да јадете?

Најздраво е риба, екстра девствено маслиново масло, овошје и зеленчук, јаткасти плодови, домати, зрнести плодови, брокула и пиперки. Овие намирници помагаат во намалувањето на овие ризици и одржување балансирана исхрана.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе