Намирници што не треба да се јадат на празен стомак

Појадокот е клучен оброк кој дава енергија во остатокот од денот, но воопшто не е сеедно што прво внесуваме во организмот.

Меѓу намирниците кои се сметаат за најштетни за консумирање на празен стомак се сите печива направени со квасец. Според лекарите, таквата храна го иритира желудникот и предизвикува прекумерно производство на гасови. Исто така, шеќерот кој се наоѓа во пекарските производи го зголемува нивото на инсулин во крвта.

Нутриционистите сметаат дека кафето и сендвичите се најлошата опција за појадок. Тие велат дека негативно ќе делуваат и соковите од цитрус и овошјето на празен стомак бидејќи го иритираат гастроинтестиналниот тракт. Имено, станува збор за храна која содржи киселина која ја иритира слузницата на желудникот, што може да доведе до гастритис, чир и други проблеми.

Дури и бананите се штетни за јадење на празен стомак. Тие го зголемуваат оптоварувањето на срцето и го нарушуваат балансот на калиум и магнезиум во организмот, па затоа е секогаш подобро да ги јадете после оброк.

Друга штетна храна со која не треба да го започнете денот се ферментираните млечни производи. И покрај содржината на бактерии важни за телото, тие не носат никаква корист. Како што објаснуваат експертите, „микроорганизмите едноставно умираат во хлороводородната киселина која се акумулирала преку ноќ во желудникот“.

Тагови
реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Здравје

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Read more

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Read more

Дали навистина солената вода помага при болки во грлото?

Read more
 

Магазин

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Читај повеќе

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Читај повеќе

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Читај повеќе

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе