
Манекенката Наоми Кембел ја отвори модната недела Arise во хотелот Armani во Дубаи.

Наоми во светот на модата влезе пред 36 години и се наметна како една од најбараните манекенки. Модната недела на Arise е совршен спој на нигериската музика и модата. Таа носеше облека од неколку дизајнери: Kennetha Ize, Lanre Da Silve Ajayi, Huddaye, Banke Kuku и Lise Folawiyo.

Во септември, таа беше именувана за амбасадор на организацијата The Queen's Commonwealth Trust. Ќе работи на промовирање на работата на младите лидери. Извршниот директор Кристофер Кели претходно изјави дека назначувањето на познати личности како Наоми ќе ѝ помогне на организацијата да продолжи да работи.

Сепак, не е сѐ така идеално. Хуманитарната организација Fashion for Relief, основана од Наоми, е под истрага поради сомневање за прекршување на прописите во врска со управувањето со организацијата и нејзините финансии.


