Наоми Вотс влегла во менопауза на 36 години: Се чувствував како да губам контрола

Наоми Вотс откри дека влегла во менопауза на 36 години.

Британско-австралиската актерка зборуваше за своето искуство со менопаузата за магазинот Hello:

„Минувањето низ менопауза на толку млада возраст не беше лесно, особено во време кога имаше толку малку достапни информации за тоа. Промени во расположението, ноќно потење и мигрена... Имав чувство како да губам контрола“, вели таа.

Таа посочи дека периодот на менопауза може да трае со децении и дека треба да се зборува за тоа.

„Зарем не вреди да се пишува за тоа? Толку многу работи можат да се случат во животот на една жена во тој период: грижа за постари родители, заминување на децата, развод, промена на кариера, враќање на работа. Влогот е голем! Сето ова е одлична храна за значајна и богата приказна“.

Наоми работи со здружението Marielle Frostrup Menopause Mandate и секогаш ја нагласува потребата отворено да се зборува за менопаузата и е многу „страсна за подигање на свеста и поттикнување поискрени разговори“.

Да потсетиме, Наоми Вотс (54) минатиот месец во Њујорк се омажи за Били Крудуп, со кого беше во врска од 2017 година. Пред тоа таа беше во брак со актерот Лив Шрајбер, со кој има два сина.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Филм & ТВ

Драма на Канскиот филмски фестивал: 600 потписи против милијардерот Болоре

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кои земји доживеаја дебакл на Евровизиja?

Read more

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Read more
 

Сцена

Драма на Канскиот филмски фестивал: 600 потписи против милијардерот Болоре

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира е невина: Шпанија мора да ѝ врати повеќе од 55 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои земји доживеаја дебакл на Евровизиja?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Читај повеќе

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе