Свет

Напад или несреќа: Два танкера експлодираа во Оманскиот Залив, екипажот спасен

13. јуни 2019 - 12:04 | А.С.

Десетици членови на екипажот во два танкера за нафта беа спасени откако ги напуштиле пловилата погодени од експлозии во Оманскиот Залив.

Операторите рекоа дека 21 лице од екипажот на Kokuka Courageous и 23 од Front Altair се безбедно евакуирани.

Иран ги спаси 44-цата по „незгодата“, објавија државните медиуми, иако причината за експлозиите уште не е потврдена.

Американската морнарица соопшти дека примила два аларми за помош.

 

Инцидентот следи еден месец откако два танкера за нафта беа нападнати во близина на ОАЕ.

Обединетите Арапски Емирати за тие напади обвинија неидентификуван „внатрешен агент“. САД рекоа дека Иран стои зад нападите, обвиненија кои Техеран ги негира.

Инцидентите дополнително ги влошија тензиите меѓу Иран и САД и нивните сојузници во Персискиот Залив.

Цената на нафтата се покачи за 3,9% по инцидентот, откако речиси пет месеци бележеше ниски вредности, објави Bloomberg.

Коментирај