Осло, 19 март 2019 (МИА) – Непознато лице со нож денеска влегло во училиште во Осло и повредило четири вработени, меѓу кои и еден наставник.
Полицијата веднаш го уапси напаѓачот.
Ученик повреди наставник и тројца вработени во неговото училиште, откако со нож и вилушка кои ги земал од училишната кујна. Четири лица се здобиле со полесни повреди и биле префрлени в болница, соопшти полицијата.
Покрај убодите од нож, на жртвите можеа да се забележат и повреди од гризање и удари кои биле нанесени од ученикот.
Засега не е познат мотивот за нападот.