Нападите во Русија и Финска се поврзани со тероризам

Мажот  кој  во петокот избоде до смрт две лица во Турку, град во југозападниот дел на Финска, е осумнаесетгодишен Мароканец, соопшти полицијата,  која отвори истрага за тероризам.

“Нападот на почетокот беше оценет како убиство, но добивме информации во текот на ноќта дека станува збор за кривично дело убиство со терористички мотив”, се вели во соопштението на полицијата.

Властите официјално го идентификуваа осомничениот како “осумнаесетгодишен марокански државјанин”, без наведување други детали. Полицијата веднаш го уапси осомничениот со нож во петокот, погодувајќи го со куршум во ногата на плоштад во центарот на Турку.

Мароканецот избоде до смрт две лица, фински граѓани, а меѓу осуммината повредени се и еден Италијанец и двајца Швеѓани.

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во рускиот град Сургут во Сибир, објави новинската агенција Амак, блиска до оваа џихадистичка група.

Седум лица беа повредени кога непознат човек нападна минувачи со нож, по што полицијата го уби. Од седумтемина повредени во нападот, двајца се во критична, а вкупно четворица во тешка состојба.

Руските истражители претходно го идентификуваа напаѓачот како локален жител со ментални проблеми и изразија скептицизам околу тврдењата на Исламска држава.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе