Нападнат и повреден полицаец во Тетово

Тетово, 25 јуни 2019 (МИА) – Полицаец е физички нападнат вчера на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово при вршење службена должност кога се подигнувало непрописно паркиран автомобил заедно со екипата на општинското претријатие за градски паркинг. Инцидентот се случил околу 16:30 часот, а по нападот приведен е напаѓачот Н.С (29) од Шемшово.

– Лицето Н.С (29) од Шемшово е приведен и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Полицаецот при нападот здобил и телесни повреди поради што е задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За два месеци ова е втор напад врз полицаец во Тетово. На 30 април 49-годишен жител на Тетово заврши во полициска станица на распит откако на улицата „Илинденска“ во Тетово прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу 40-тина напади за 2018 година. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе