Нападнато 14-годишно девојче затоа што искршило огледало

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – насилство. Ова се вели во соопштението на јавното Обвинителство Скопје, од каде додаваат дека осомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз дете на возраст од 14 години.

– Оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во Аеродром. На 23 јануари, девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал најпрвин да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден  момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот. Оштетената се обидела да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1.5 година, која не успеала да му помогне на девојчето, информираат од скопското обвинителство.

Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, опасноста и степенот на загрозување од вакви кривични дела, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител процени дека постојат околности кои укажуваат опасност од бегство на осомничениот. Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител го ценеше и фактот што се работи за кривично дело против јавниот ред и што осомничениот е лице кое е претходно осудувано и кое би можело да го повтори кривичното дело.​ 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе