Свет

Напаѓачот од Крајстчерч се изјасни за невин по сите обвиненија

14. јуни 2019 - 8:40 | МИА

Австралиецот Брентон Тарант, кој е обвинет за убиство на 51 лице при нападите врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчерч во март годинава, денеска пред Судот се изјасни за невин по сите точки од обвинителниот акт.

Тарант, кој со Судот во Крајстчерч комуницираше преку видео линк, за секоја од точките од обвинението се изјаснуваше преку неговите адвокати.

Следното рочиште против Тарант е закажено за 16 август, до кога и му е продолжен притворот.

Тарант ги изврши нападите на 15 март кога со полуавтоматско оружје пукаше врз муслиманските верници кои се молеа во две џамии во Крајстчерч. Целиот напад тој директно го пренесуваше на Фејсбук.

Коментирај