Свет

Напаѓачот во Нов Зеланд на Facebook објави видео од вооружениот напад

15. март 2019 - 10:07 | МИА/КАЈГАНА

Еден од терористите кој го изврши нападот во џамии во новозеландскиот град Крастчрч објавил видео во живо на Facebook. Клипот е маркиран за време на нападот, објави The Washington Times.

Внимание: Чувствителна содржина

Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот. При излегувањето од возилото, може да се слушне како напаѓачот вели: „Subscribe to PewDiePie“ (Претплатете се на PewDiePie).

Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи.

Најмалку 40 луѓе загинаа во нападот и повеќе од 20 се ранети и во тешка состојба.

Коментирај