СЕРИЈА А 2021/22

Наполи ги бара ВАР снимките од натпреварите на Јуве

Во досегашниот дел од сезоната Наполи се претстави како главен кандидат за Скудетото, но во тимот сѐ уште стравуваат од Јувентус и тоа поради старата болка - судиите.

Според Il Corriere dello Sport, во таборот на „Партенопеите“ се бесни на судиските одлуки во корист на Јувентус и веќе се консултирале со адвокат кои ги советувал да побараат увид во ВАР досиејата од натпреварите на „Старата дама“ против Интер и Рома.

Наполи особено се бесни на тоа што за иста случка Јуве доби пенал против Интер, а тие не добија против Рома, натпревар кој заврши без голови. Имено, имаше контакт во казнениот простор помеѓу Камерунецот Андре-Франк Замбо Ангиса и Уругваецот Матиас Виња кој главниот судија Давиде Маса не го оцени како пенал, исто како и на дуелот меѓу Интер и Јуве. Но, во Милано ВАР интервенираше, додека на дуелот на Наполи ВАР не интервенираше со објаснување дека судијата „не направи намерна и очигледна грешка“, објаснување кое кај Наполи не поминува туку-така особено поради фатот што за ист случај Јуве освои бод преку пенал против Интер.

URL

Во Милано, судијата Маурицио Мариани беше блиску до контактот на Дензел Думфрис со Алекс Сандро и оцени дека елементи за пенал не постојат, но потоа од ВАР го повикаа и му наредија да покаже на белата точка.

Адвокатор Ерик Грималди го советувал газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, да ги побара аудио снимките од ВАР собата на Јуве - Рома и Интер - Рома за да се види како ВАР судиите носеле одлуки спротивни од оние на натпреварите на неговиот Наполи, а за исти случаеви.

Наполи ќе мора да побрза со барањето бидејќи постои навика да се уништуваат ВАР снимките од натпреварите на Јуве. Имено, во 2018 година Јуве запиша контроверзна победа над Интер кога се бореше за титулата токму со Наполи, кој истиот ден загуби во Фиренца. На тој натпревар на Миралем Пјаниќ од Јуве не му беше покажан втор жолт картон за остриот фаул врз Рафиња, додека Матиас Весино од Интер доби директен црвен. Тогаш Џузепе Пекораро од ФИГЦ откри дека ВАР досиејата од натпреварот на Јувентус мистериозно исчезнале, па Наполи немаше основа за жалба и токму поради тоа сега не сака да му се повтори истото сценарио.

URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе