СЕРИЈА А 2022/2023

Наполи се прошета низ Специја и продолжи кон Скудетото

Филип Здравески
/ 05.02.2023 / 14:23

Лидерот во Серија А без проблеми освои нови три бода откако попладнево славеше на гостувањето кај Специја со 3:0.

Откако во првите 45 минути домаќините добро го затвораа приодот кон голот на Бартуомјеј Дронговски не дозволувајќи му на Наполи да се закани сериозно, упатувајќи само еден удар во рамките на голот, конкурентите на лидерот се понадеваа дека Наполи ќе загуби бодови денеска на „Алберто Рико“ стадионот во Ла Специја.

Веднаш по паузата гостите од Неапол го отворија резултатот. Аркадиуш Река играше со рака во казнениот простор, Марко Ди Бело покажа на белата топка, а Хвича Кварацхелиа беше сигурен реализатор.

Ни по примениот гол домашните не се заканија, благодарение на надмоќноста на Наполи. Во 63. минута Лучано Спалети во игра го уфрли македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, по што за кратко време следуваа два гола.

Во 69. минута Дронговски и Димитриос Николау лошо искомуницираа, си попречија еден со друг при една нафрлена топка, а тоа го искористи Виктор Осимхен кој ги натскокна двајцата и со глава заби за 0:2. Само 4 минути подоцна Матиа Калдара направи грешка, Кварацхелиа се проби до домашниот гол, несебично му сервираше на Осимхен кој на празен гол лесно погоди за убедливо водство.

Наполи ја запиша 18-тата победа и сега има 56 бодови на лидерското место во Серија А. Со оглед на тоа што во вечерниот термин се игра големото Дерби дела Мадонина помеѓу Интер и Милан, моменталната разликата од 16 бодови може најмногу да се намали на 13, но само доколку доколку триумфира Интер. Секакво друго сценарио, победа на Милан или реми, како и победа на Лацио утре над Верона, ќе ја намали разликата само за бод.

Standings provided by Sofascore
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе