Управата на Наполи или намерно сака да го саботира заминувањето на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, или со омаловажување гледа кон своите колеги од англискиот клуб - барем според она што го понудиле за реализација на трансферот.

Наполи прифаќа да го потпише Роналдо од Манчестер Јунајтед, но само доколку англискиот клуб продолжи да му ја исплаќа целата плата на Португалецот, згора на тоа Англичаните да го платат и данокот од 5% кон ФИФА и УЕФА кој е задолжителен при трансфери. Понуда која не е за верување дека луѓето од „Од Трафорд“ би ја прифатиле.
Дополнително, Наполи е согласен да го испрати својот напаѓач Виктор Осимхен во обратен правец, во Манчестер, но „Црвените ѓаволи“ за овој трансфер треба да искешираат 130 милиони евра. Претходно Де Лаурентис бараше 120, но колку Манчестер одолговлекува, толку искусниот преговарач ја зголемува сумата.
Во Италија ретко кој успеал да излезе на крај со Аурелио Де Лаурентис, обично зделките било со клубови, било со играчи, завршувале или по негово или не се реализирале.
Во случајов, Де Лаурентис всушност и не преговара директно со Манчестер, туку агентот Жорже Мендеш, кој го застапува Роналдо, има улога на „расипан телефон“.
Деновите до крајот на преодниот рок полека се намалуваат, а Роналдо и натаму е во потрага по клуб кој настапува во Лигата на шампионите. Пред некој ден доби негативен одговор и од Марсеј.
Наполи во Лигата на шампиони е во групата А заедно со Ајакс, Ливерпул и Ренџерс.