Фудбал

Наполи загуби во Рим, Јувентус ја одбрани титулата

25. април 2016 - 20:03 | Макфакс

Фудбалерите на Рома, во дербито на 35 коло во Серија А, славеа над Наполи 1:0 и му овозможија на Јувентус и математички да ја обезбеди титулата.

Рома го победи Наполи со голот на Раџа Наинголан постигнат во претпоследната минута од натпреварот. Со оваа победа Јувентус на чело на табелата стекна недостижна предност од 12 бодови, додека Рома се вклучи во трката за директен пласман во Лигата на шампионите.

Наполи е втор зад Јувентус со 73 бодови, додека Рома има два бода помалку. 

Во вториот меч од понеделничката програма во Серија А, Милан загуби во Верона од последнопласираниот тим на табелата.

Милан преку Менез постигна гол во 23 минута, тој резултат беше на сила сѐ до 72 минута кога израмни екс играчот на Милан, Пацини, а четвртата победа во сезоната на Верона и ја донесе Силигарди во 95 минута.

Коментирај