Се чини најлесно помина Интер кој ќе гостува во соседна Бугарија, лесно минаа и Манчестер Јунајтед и Севиља, додека Леверкузен и Порто немаа среќа.
Џекпот доби екипата на Интер која разоичара во Лигата на шампионите и како утеха ќе го брка трофејот од второкласното натпреварување наречено Лига Европа. „Нераѕурите“ ги посака жрепката и за противник го добија бугарскиот тим на Лудогорец.
Можат да бидат задоволните и „Црвените ѓаволи“ од Манчестер како и Севиља кои пласман во осминафиналето ќе бркаат против романски Клуж и белгиски Бриж. И Рома не би требало да има проблеми со Гент, уште еден претставник на Белгија.
Дербито во оваа фаза дефинитивно е помеѓу Баер од Леверкузен и португалскиот гигант Порто. Жрепката сакаше еден од овие два добри тима да биде елиминират премногу рано.
Сите двојки за шестнаестинафиналето:
Вулверхемптон Вондерерс - Еспањол
Спортинг - Башакшехир
Хетафе - Ајакс
Баер Леверкузен - Порто
Копенхаген - Селтик
АПОЕЛ - Базел
Клуж - Севиља
Олимпијакос - Арсенал
АЗ - ЛАСК
Бриж - Манчестер Јунајтед
Лудогорец - Интер
Ајнтрахт - Салцбург
Шахтар - Бенфика
Волфсбург - Малме
Рома - Гент
Ренџерс - Брага
Првите натпревари се играат на 20 февруари 2020 година, додека реваншите се веќе наредниот четврток на 27-ми.