ФИФА СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО ОАЕ 2021

Направена жрепката за Светското клупско првенство на ФИФА

Попладнево во Цирих шампионите на седумте континентални зони на ФИФА ја дознаа судбината на овосезонското издание од Светското клупско првенство.

Ланското издание во Катар требаше да биде последно според актуелниот формат, но пандемијата го одложи новиот проширен формат, па така Светското клупско првенство ќе се одржи уште еднаш, за последен пат како годишен турнир. Домаќин се Обединетите Арапски Емирати и тоа од 3 до 12 февруари нареднава 2022 година.

Денешната жрепка не траеше долго со оглед на малкуте учесници и однапред определениот пат на некои од екипи. Топчињата ги влечеше поранешниот швајцарски репрезентативец Блерим Џемаили, родум од Македонија.

1. коло

Во воведното коло ќе играат домаќинот Ал Џазира, како шампион на ОАЕ, против Окленд Сити од Нов Зеланд кој е претставник на Океанија. Поради пандемијата сезонава не се играше Лигата на шампионите на Океанија, па нема ни победник, а Окленд Сити беше одбран да биде нејзин претставник како најуспешна екипа.

2. коло

Токму за второто коло беше направена денешната жрепка. Фортуната одлучи шампионот на азиската Лига на шампиони, Ал Хилал од Саудиска Арабија, да игра против победникот од Ал Џазира и Окленд Сити, а другиот натпревар да го сочинуваат африканскиот шампион Ал Ахли од Египет и северноамериканскиот шампион Монтереј од Мекиско.

Полуфинале

Во полуфиналето своите противници ги чекаат шампионите на Европа и Јужна Америка. Челси ќе игра против победникот од Ал Хилал и Ал Џазира/Окленд Сити, додека бразилски Палмејрас го чека подобриот од Ал Ахли и Монтереј.

Финале

Победниците од двете полуфиналиња ќе се сретнат во големото финале закажано за 12 февруари во Абу Даби.

Амблем

На денешната жрепка беше претставен и официјалниот амблен на 18-тото издание на Светското клупско првенство на ФИФА:

URL
реклама

Што следи по омикрон и кога конечно ќе заврши пандемијата?

Read more

Надал се пласираше во четвртфинале, Ѓоковиќ дозна одлична вест

Read more

Од женски агол: Пет вистини за сексот кои никој не ви ги кажал

Read more

Чаша вода наутро на празен стомак? Да, само под еден услов

Read more

Фудбал

Новиот Роналдо: Пола Европа го сака 15-годишниот Ендрик

Read more

Перез и Лапорта постигнаа „договор за ненапаѓање“

Read more

The Mirror: Гвардиола ќе биде селектор на Холандија

Read more

Решена мистеријата за чудната дамка на вратот на Холанд - правел хиџама

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Новиот Роналдо: Пола Европа го сака 15-годишниот Ендрик

Читај повеќе

Перез и Лапорта постигнаа „договор за ненапаѓање“

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешна стриптизерка ја постигна првата победа во УФЦ

Читај повеќе

The Mirror: Гвардиола ќе биде селектор на Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ пресметка на „тешкашите“: Нгану ја одбрани шампионската титула

Читај повеќе

Надал се пласираше во четвртфинале, Ѓоковиќ дозна одлична вест

Читај повеќе

Решена мистеријата за чудната дамка на вратот на Холанд - правел хиџама

Читај повеќе

Надал по 15-ти пат влегува во втората недела на Австралија Опен

Читај повеќе

Жиру: Бев во право кога го одбив Јуве за Челси

Читај повеќе