Направете паметна пресметка и заштедете електрична енергија и пари

Конечно се одлучивте и на тој потег – купивте дом. Супер! Сега, редно време е да го опремите со апарати за домаќинство. Дел од вас можеби решија да реновираат и да внесат новитет во домот? Тука пресметките не застануваат, а цифрите континуирано се зголемуваат.

А што ако ви кажеме дека е можно да направите паметна пресметка и да заштедите пари? И дополнително, да заштедите електрична енергија и со новите апарати за домаќинство да се чувствувате безбедно и сигурно, уживајќи во врвниот квалитет, одличните перформанси и елегантниот дизајн?

Со новата промоција на Samsung, за сите вас, кои од 17 мај до 30 јуни, 2019 година ќе купите одбрани модели Samsung машини за перење или за сушење со енергетска ефикасност А+++,  машини за перење и сушење на алишта или ладилници со “No Frost“ технологија, добивате уреди кои ги задоволуваат највисоките стандарди на енергетска ефикасност, значително намалувајќи ја потрошувачката на електрична енергија во домот. Со понудата на Samsung и со купување на некој од овие одбрани уреди во рамки на времетраењето на промоцијата, можете да заштедите фантастичен износ од 3.000 до 32.000 денари!

Без разлика дали станува збор за Samsung машина за сушење алишта со “OptimalDry“ систем, или пак со “HeatPump“ технологија со топлотна пумпа, облеката ќе биде исушена на најефикасен, економичен и нежен начин. “OptimalDry“ е “паметен“ систем за сушење со сензор за влажност, температура и чистење на изменувачот на топлина. Овој систем континуирано го подесува времето на сушење за постигнување најдобри резултати, истовремено ја штити облеката од оштетување и заштедува електрична енергија. Циклусот за брзо сушење суши мала количина на облека за 35 минути. Машината за сушење на алиштата Samsung “HeatPump“ со технологија на топлотна пумпа за загревање на воздухот користи “средство за разладување“ наместо струја. Токму затоа троши значително помалку електрична енергија, за разлика од конвенционалните машини за сушење алишта со кондензација. Дополнително, го подобрува целосниот ефект преку максимална искористеност на воздухот и избегнување на непотребно трошење електрична енергија. Создадена е во согласност со единствениот “Crystal Gloss“ дизајн и има кристално сина врата. Со оваа машина во едно полнење може да исушите алишта со тежина до 9 килограми. Двете машини за сушење алишта имаат индикатор на резервоарот за приказ на количината вода кондензирана при сушењето на алиштата, како и “Smart check system“ - автоматски надзорен систем за грешки.

Комбинираните машини за перење и сушење алишта се навистина практични затоа што “со еден замав фаќате две муви“. Комбинираната машина со “Eco Bubble“ технологија штеди електрична енергија со перење на голема количина алишта на ниски температури. А уште поневеројатно, со овој Samsung уред вашите алишта ќе бидат испрани за само 59 минути! Со помош на брзата прскалка за моќно перење која ја зголемува центрифугата, алиштата се побрзо и поквалитетно испрани. Комбинираната машина за алишта со “Addwash“ функција е исклучително практична затоа што овозможува по започнување на циклусот едноставно и брзо да ја додадете валканата облека која можеби сте ја заборавиле. Комбинираната машина за перење и сушење алишта со “QuickDrive“ технологија ја скратува должината на перењето до 50 % како и потрошувачката на енергија за 20 %, притоа не влијаејќи на перформансот на перењето. Со поставката “Брзо перење со сушење“, облеката е целосно испрана за 54 минути, а дополнително и темелно исушена за 126 минути. Машината за перење и сушење алишта (Combo) исто така ја поседува технологијата “Air Wash“ која ја освежува и дезинфицира облеката давајќи ѝ постојан свеж мирис. Воедно, нејзината “Bubble Soak“ технологија помага при отстранувањето на најразлични тврдокорни дамки. Овие комбинирани машини имаат “Smart check“ систем, како и мотор со дигитален инвертер кој доаѓа со гаранција од 10 години.

Доколку пак сакате да внесете новитет во кујната, со “No frost“ технологијата на Samsung ладилниците, заборавете на непријатностите при собирањето на ледот и на здодевното одмрзнување. “No Frost“ технологијата го подобрува протокот на воздух и одржува постојана температура во сите делови на ладилникот, со што се спречува создавањето на лед. Samsung ладилниците со нивниот совршен дизајн одлично ќе се вклопат во вашата модерна кујна, а организацијата на просторот во самиот ладилник со продолжената свежина на намирниците, ќе ви донесе повеќе место и полесна достапност на храната и пијалаците.

Повеќе информации за новата промоција на Samsung, листата на модели опфатени со промоцијата и овластените продажни партнери, можете да пронајдете на www.samsung.com/rs/offer/mkd-pametna-presmetka/.

Дополнително, за сите вие кои ќе се одлучите да купите ладилник или машина за перење алишта, компанијата Samsung овозможува 5 години гаранција, а повеќе информации како да го остварите правото за оваа поволност можете да пронајдете на www.samsung5godinigarancija.mk.

За дополнителни информации, сите заинтересирани може да се јават во Центарот за грижа на корисници на Samsung, на следниот телефонски број: (02) 3 207 777.

 

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе