Да се надеваме дека дождливите денови се зад нас и дека чадорите ќе се пензионираат до окромври. Но, со сонцето доаѓаат моментите на препотување и непријатни мириси, а кога говориме за антиперспиранти не сите се согласуваат за она што е добро за нас.
За природен антиперспирант кој нема да и наштети на вашата кожа а ќе ве заштити од непријатната миризба ви се потребни:110 г. пченкарен скроб, 100 г. сода бикарбона, 5 супени лажици кокосово масло, неколку капки од омиленото есенцијално масло и сад од искористен антиперспирант.
Едноставно измешајте ги состојките во сад додека не се соединат, претурете ја смесата во платичен стик и оставете еден час да се стврдне во фрижидер.