Направи сам: Природни маски за нега на лице

Б.С.Б.
/ 13.04.2021 / 16:01

Редовната нега на лицето нема да ве подмлади, но ќе помогне кожата на вашето лице да го задржи сјајот, еластичноста и да ги намали брчките. Природната нега на кожата е најдобра, па затоа може сами да си направите маски за лице со кои ќе влијаете на изгледот на кожата.

Не заборавајте, освен лицето, треба да посветите внимание и на вратот и деколтето, бидејќи токму таму се забележуваат првите знаци на стареење на кожата.

1. Маска од мед и цимет

Комбинацијата од мед и цимет е добра бидејќи и двете состојки ја хранат кожата. За да биде негата целосна, а смесата похранлива, ќе додадете уште неколку состојки.

- 1 лажица мед

- 1 лажица јогурт

- 1 лажица сок од лимон

- прстофат цимет.

Соединете ги состојките и ако е многу густо, додадете малку топла вода. Оставете ја смесата на лице околу 10 минути, па исплакнете со млака вода. Може да ја користите маската трипати неделно.

Овие состојки ја зацврстуваат кожата, ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и ја хранат, со што ја прават еластична.

2. Маска од квасец

Квасецот има способност да го закрепне нашето лице благодарение на ферментацијата што се случува поради него. На тој начин се ослободуваат состојки кои го прават квасецот ефикасен за борба против брчките (витамини, минерали, амино киселини.

Потребни состојки:

- квасец (едно мало пакување свеж квасец)

- белка од јајце

- јогурт (1/3 чаша)

Одвојте ја белката од жолчката, изматете ја добро бидејќи во спротивно нема убаво да се нанесе на лицето. Додадете го свежиот квасец и изматете со малку јогурт. Добро изматената смеса ставете ја на претходно исчистено лице. Неопходно е да делува барем 15 минути, потоа измијте го лицето со вода.

За добар ефект употребувајте ја маската еднаш до двапати неделно.

3. Маска од компир

Компирот е многу ефикасен во отстранувањето брчки од лицето. Тој е богат извор на витамин Ц поради што влијае на спречување на прерано стареење. Неговите состојки овозможуваат производство на квалитетен колаген во кожата, што ја затегнува и спречува појава на брчки.

Потребни состојки:

- еден компир со средна големина

- 3 лажици маслиново масло

Маската од компир ја подготвуваме така што го лупиме компирот, го сечеме на помали парчиња  и ги ставаме во блендер. Додаваме маслиново масло и блендираме додека не се добие кашеста структура. Смесата се става на темелно исчистено лице, треба да стои 20 минути, а потоа лицето се мие со млака вода.

Постапката може да се повторува секоја недела.

реклама

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Нема начин да се спречи удар од голем астероид

Read more

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24 години врска

Read more

Работи што ги прави секој маж кој искрено ве сака

Read more

Стил

Bugatti претстави маса за билјард која чини 250.000 евра

Read more

Елизабет Харли изгледа одлично и на 55 години

Read more

Три маани од кои мажите се срамат, а жените ги обожаваат

Read more

Моника Белучи во досега најпровокативно издание

Read more
 

Магазин

Кои се најбогатите земји на светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајки и деца, фејл компилација

Читај повеќе

Како да ја развиете читачката способност кај децата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бувот писмоносец кој не сакаше да се оддели од писмото

Читај повеќе
  • play_arrow

Согорете 600 калории додека ги правите овие вежби дома

Читај повеќе

Истражување: Колку штити една доза, а колку две дози на Pfizer?

Читај повеќе

Како да препознаете кога е жената сексуално возбудена?

Читај повеќе

Колку милијарди долари доби Мелинда Гејтс по разводот?

Читај повеќе

Десерт на денот: Колач со бело чоколадо и кокос

Читај повеќе