Наредена евакуација во Северодвинск поради зголемено ниво на радијација

Москва, 13 август 2019 (МИА) – Зголемено е нивото на радијација во рускиот град Северодвинск откако на 8 август во блиската воена база се случи несреќа во текот на тестирањето на ракета. Властите тврдат дека зрачењето е поголемо за четири до 16 пати,  додека од Greenpeace наведуваат дека радијацијата е за 20 пати поголема од нормалната.

Руското Министерство за одбрана првично соопшти дека зрачењето по несреќата останало на нормалното ниво и дека нема опасност за населението, но градските власти на Северодвинск сега соопштуваат за забележан краткотраен раст на нивото на радијација, пренесуваат британските медиуми.

На жителите на селото Њонокса им е препорачано заради опасност од радијација да ги напуштат своите домови сѐ додека траат работите на местото на несреќата. Истовремено, лекарите и медицинскиот персонал кој им помагаше на повредените по несреќата биле испратени во Москва на дополнителни медицински испитувања.

Greenpeace тврди дека нивото на зрачење е за 20 пати поголемо, додека руската метеоролошка агенција Роскидромет соопшти дека е забележан раст од четири до 16 пати.

Русија дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање проектили била од нуклеарен карактер и дека притоа загинале најмалку пет лица.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе