Наредена обдукција врз двајцата починати во престрелката на „Рузвелтова"

Скопје, 29 септември 2018 (МИА) - По наредба на јавен обвинител, телата на двете лица убиени во престрелката на „Рузвелтова“ се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а возилото „сеат алтеа“ во кое се превезувале е подигнато за вештачење, соопшти Јавното обвинителство на РМ. 

ЈОРМ информира дека на местото на настанот биле подигнати 25 чаури, траги од крв, облека од убиените и од третото повредено лице и други докази кои со наредба на јавен обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

- По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на местото на настанот на улица „Рузвелтова" во Скопје каде што доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено, информира ЈОРМ.

Трите лица се превезувале со „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблички, кога врз нив половина час по полноќ бил отворен оган од возило во движење, кое веднаш го напуштило местото.

Возачот на автомобилот, 44-годишниот Н.А., како и неговиот сопатник 49-годишниот А.П. им подлегнале на повредите во болница, додека 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во критична состојба.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе