Наредната сезона ќе се возат 25 трки во Формула 1

Ф1
Макфакс
/ 10.04.2023 / 19:57

Минатата недела се појавија информации за тоа како би можел да изгледа календарот на Формула 1 во сезоната 2024, откако Стефано Доменикали се сретна со претставници на сите тимови во Мелбурн.

Наредната сезона ќе биде поставен нов рекорд, планот на Доменикали е да се возат 25 трки, односно две повеќе од оваа сезона.

Кина наредната година речиси сигурно ќе се врати во календарот, а Ф1 ќе остане без легендарната патека „Спа Франкошамп“, која едвај го задржа местото и за оваа сезона.

Кои се двете нови трки во календарот? Според непотврдени информации, најверојатно станува збор за Виетнам и Јужна Африка.

Стартот на градската трка во Ханој беше закажан за 2020 година, но прво пандемијата, а потоа и постапката против локалниот промотор, кој заврши во затвор со осуда за корупција, го спречи натпреварувањето.

Во меѓувреме, Доменикали веќе се сретна со премиерот на Виетнам, па идејата за одржување на трката повторно оживеа. Патеката ќе биде слична на „Алберт парк“ во Мелбурн, со постојан бокс дел и улични делови, кои ќе бидат дел од патеката. Главниот дел од патеката е веќе подготвен и на неа се одржаа првите трки со автомобили во декември.

Јужна Африка беше подготвена да потпише договор за почеток на трките во Формула 1 минатата година, но проектот пропадна поради алчноста на сопственикот на познатата локална патека „Кјалами“.

Меѓутоа, сега јужноафриканската влада очигледно е подготвена да го поддржи враќањето на Формула 1 во земјата и се размислува за буџет од 50 милиони долари, а дел од парите ќе бидат наменети за реновирање на последниот сектор на патеката. Овој дел од патеката не ги исполнува современите безбедносни услови.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Ф1

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more

Формула 1 ги зголеми приходите на дури 3,2 милијарди долари

Read more
 

Спорт

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе