Народна банка: Во февруари годишен раст од 11,1% на вкупните депозити и од 11,5% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити остварија раст од 11,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопштија од Народна банка.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,5% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

„Во февруари 2025 година, паричната маса (монетарниот агрегат М31,2) оствари месечен раст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,2% и пред сè произлегува од повисоките депозитни пари и долгорочните депозити до две години, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек и краткорочните депозити.

Вкупните депозити во февруари се зголемени за 0,4% на месечна основа, во целост како резултат на растот на депозитите на секторот 'домаќинства', во услови на пад на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишна основа, забележан е раст од 11,1%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот 'домаќинства'“, посочуваат од Народната банка.

Тагови
реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Бизнис

Кои ЕУ земји имаат најдобра трговска соработка со Венецуела?

Read more

Џабе царините на Трамп – кинескиот извоз руши рекорди

Read more

Азиските акции најмногу растат, Токио руши рекорди пратејќи го Волстрит

Read more

Златото достигна рекордна цена

Read more
 

Вести

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Читај повеќе

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Читај повеќе

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Читај повеќе

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Читај повеќе

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Читај повеќе

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Читај повеќе

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Читај повеќе

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Читај повеќе