НАСА „бомбардирана“ со повици поради огнена топка на небото

Огромна огнена топка го осветли небото над Флорида во вторникот вечерта по локално време, а НАСА веднаш била „бомбардирана“ со повици од загрижени граѓани од реонот на Тампа кои не знаеле за што станува збор.

Аматерските снимки на граѓани кои случајно ја забележале чудната појава, ги преплавија социјалните мрежи. На снимките се гледа метеор што паѓа со огромна брзина и потоа експлодира во далечината.

Покрај Американската вселенска агенција, повици добило и Американското метеорско друштво, непрофитна организација што е задолжена за следење на вакви појави.

Иако глетката била спектакуларна за оние кои првпат гледаат ваква огнена топка, се работи за мал метеор што влегол во атмосферата на Земјата.

Притисокот што се формира пред него создава голема температура поради која ваквите вселенски објекти најчесто горат високо во атмосферата.

Ваквите феномени се прилично чести, во еден ден горат околу илјада вакви метеори во атмосферата на Земјата.

Поголемиот дел од нив не ги гледаме бидејќи се случуваат над океани, ненаселени подрачја или во текот на денот, кога сончевата светлина го блокира погледот.

Покрај тоа, повеќето и од оние што се случуваат навечер не ги гледаме бидејќи претежно сме во затворени простории, објави „Daily Mail“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе