Наука

НАСА ги отвори вратите на Меѓународната вселенска станица за туристи

10. јуни 2019 - 15:09 | К.З.

Американската вселенска агенција уште одамна најави дека има намера да организира туристички летови, а денеска го промовираше „ценовникот“ за престој и лет до Меѓународната вселенска станица.

Секоја година ќе има еден или два приватни летови до Меѓународната вселенска станица (ISS), а на туристичките астронаути ќе им биде дозволено да престојуваат на неа најмногу до 30 дена.

„НАСА ја отвора Меѓународната вселенска станица за комерцијални потреби и ја искористува оваа шанса да им обезбеди поглед на луѓето како никогаш претходно“, изјави главниот финансиски шеф на ISS, Џеф Девит.

ISS не им припаѓа ексклузивно на Американците, бидејќи таа беше изградена заедно со Русија. Во 2001 година, бизнисменот Денис Тито стана првиот турист кој ја посетил ISS, откако ѝ плати 20 милиони долари на Русија за едно возење во станицата.

Овојпат, летовите до станицата ќе започнат веќе од наредната година, а еднодневен престој во станицата ќе чини 35.000 долари.

Коментирај