НАСА ги претстави вселенските одела за мисијата Artemis

Двата вида на нови одела ќе се користат при мисијата за слетување на Месечината која НАСА планира да ја изведе до 2024 година.

Прототипот на белото вселенско одело го презентираше Кристин Дејвис, инженер за вселенски одела при Вселенскиот центар Џонсон. Се работи за одело наречено Exploration Extravehicular Mobility Unit (xEMU) кое има подобрени перформанси од оние користени при мисиите на Apollo за слетување на Месечината како и оние кои моментално се користат при прошетки надвор од Меѓународната вселенска станица.

Дастин Гомерт, кој е проект менаџер при Orion Crew Survival Systems, го презентираше истоименото одело со портокалова боја. OCSS оделото не е за секојдневна употреба туку е дизајнирано за користење при лансирање на ракетите, за вонредни ситуации, за истражување на опасни делови од Месечината, како и при враќањето на Земјата. Вклучува далеку поголема заштитна технологија и им овозможува поголема подвижност на астронаутите.

Мисијата Artemis има задача да ја однесе првата жена на Месечината и наредниот маж, „the first woman and the next man“, како што стои во официјалниот опис на мисијата.

реклама

Вести

Јапонците направија паметна маска за лице

Read more

Јапонија развива уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Read more

Тажна глетка: 103 тони ѓубре извлечени од океанот во една експедиција

Read more

Роботи на пареа ќе ја истражуваат Јупитеровата Европа

Read more

Гик

Истражување: Можно е мутираниот COVID-19 полесно да се пренесува помеѓу луѓето

Читај повеќе

Бил Гејтс: Facebook е виновен за брзото ширење на коронавирусот

Читај повеќе

Јапонците направија паметна маска за лице

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новиот Galaxy Note 20 Ultra?

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии за Galaxy Z Flip 5G

Читај повеќе

Јапонија развива уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Читај повеќе

Луѓето кои се негативни на COVID-19 тестот можеби имаат некаков имунитет

Читај повеќе

OnePlus ќе претстави серија со евтини смартфони под брендот Nord

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тажна глетка: 103 тони ѓубре извлечени од океанот во една експедиција

Читај повеќе