НАСА истражува неочекувана снимка од Марс

Роверот Perseverance испрати повеќе снимки од Марс, а на една од нив е забележан зелен камен на којшто има дупки. Роверот со ласер ќе се обиде да го истражи потеклото на овој камен и како тој стасал до кратерот Језеро.

Инструментите на роверот снимаат и истражуваат необичен зелен камен од површината на Црвената планета., пишува Science.

„Дали каменот е оштетен од временски прилики или можеби долетал на тоа подрачје на Марс по некој далечен судир со некое небесно тело? Дали станува збор за метеорит?Или нешто друго?, прашуваат твитерџиите.

Научници од НАСА веќе имаат неколку теории. Станува збор за камен од околу 15 сантиметри којшто има неколку дупки на себе, а кога фотографијата ќе се зголеми, се гледаат и точки кои не изгледаат како да се од природно потекло. Од НАСА објаснуваат дека тие точки се од ласерот на роверот.

URL

Тој ласер е дел од инструментите за испитување на карпи и земја. Научниците наведуваат дека ласерските испитувања би можеле да ја разрешат мистеријата дали необичниот камен е создаден на местото на кое е пронајден или потекнува од друга локација.

Ако не е од местото каде што е фотографиран, постои можност да е донесен со водата во кратерот Језеро или пак станува збор за метеорит.

Ласерот на роверот работи така што ја погодува карпата на оддалеченост од 7 метри, а потоа се создава облак од испарувања анализиран од камерата на роверот и спектрометрите.

URL
Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Вести

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Read more

8 фасцинантни факти за октоподите

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе

WhatsApp добива AI chatbot

Читај повеќе

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Читај повеќе

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Читај повеќе