НАСА изгуби контакт со две сонди откако го одминаа Марс

Две вселенски сонди што носат имиња на ликови од еден од најпознатите анимирани филмови на Pixar, станаа вселенски пионери бидејќи ја содржат најновата технологија наречена CubeSat со која можат да оперираат длабоко во вселената.

НАСА призна дека изгубила контакт со двете MarCO (Mars Cube One) сонди наречени WALL-E и EVE, кои не даваат никакви знаци еден месец откако го одминаа Марс.

Двете сонди беа лансирани заедно со роверот InSight Mars и ѝ помогнаа на НАСА да го следи неговото слетување на Црвената планета.

Мисијата MarCO требаше да одреди колку длабоко во вселената може да отидат – и притоа да функционираат - мали сонди со CubeSat технологија.

Затоа, откако го одминаа Марс, WALL-E и EVE продолжија понатаму низ Сончевиот Систем, но потоа прекинаа да примаат и да пренесуваат команди и податоци.

WALL-E моментално е на оддалеченост од 1,6 милиони километри од Марс, а EVE е отидена уште подалеку – на 3,2 милиони километри од Црвената планета.

НАСА признава дека има многу мала веројатност дека ќе успеат да стапат во контакт со сондите летово. Тие орбитираат околу Сонцето и се очекува да се доближат повторно до Земјата. Сепак, не е сигурно дека нивната опрема ќе го издржи долгото патување.

Сепак, тимот на НАСА смета дека мисијата MarCO забележала „спектакуларен успех“ бидејќи покажала дека толку мали и релативно евтини сонди може да оперираат толку длабоко во вселената. Сондите беа со големина на актовки и чинеа по околу 18,5 милиони долари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе