НАСА ја покажа ракетата SLS, наскоро ќе биде спремна за лансирање

Американската вселенска агенција НАСА ја покажа ракетата SLS која наскоро ќе биде спремна за мисија на Месечината.

Ракетата SLS ќе биде поставена на лансирната рампа во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, каде ќе биде извршено тест одбројување. Доколку сè мине според планот, ракетата ќе биде официјално прогласена подготвена за мисија во која капсулата за тестирање ќе биде испратена на пат околу Месечината, без екипаж.

Тоа би можело да се случи во наредните неколку месеци.

Во НАСА се надеваат дека со помош на SLS ракетата ќе испратат астронаути на месечината во втората половина на оваа деценија.

Ракетата SLS е висока 100 метри и е дизајнирана да биде посилна од Apollo Saturn, ракетата од крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години од минатиот век. Ќе има доволно сила да испрати астронаути далеку од Земјата, како и многу опрема и товар потребен за екипажот да остане во мисија подолг временски период.

Ова е деби за ракетата SLS со оглед на фактот дека јавноста за првпат ги виде сите нејзини компоненти откако е составена. Тестот најверојатно ќе се изврши на 5 април, кога ќе биде наполнета со гориво за да се изврши тестно одбројување. Првата можност за лансирање е кон крајот на мај.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе