NASA ја регистрираше црвената Tesla на Маск како небесен објект

Пред само три дена компанијата Tesla на Елон Маск испрати црвена Tesla Roadster на лет во вселената, заедно со кукла во астронаутски костум наречена STARMAN, а веќе денеска NASA ја заведе Tesla-та како небески објект.

Црвената Tesla Roadster е регистрирана како „вселенско летало“ и сега бесплатната реклама на Елон Маск може да се види дури и на официјалната веб-страна на NASA.

Доколку не му верувате на обичен текст напишан на веб-страната која сега ја посетувате, можете во ова да се уверите и самите. Отидете на веб-страната на NASA HORIZONS, стиснете на опцијата „change“ веднаш до подменито Target body, напишете „SpaceX“ во празното поле и притиснете Enter. Веднаш потоа кликнете на „Generate ephermis“.

Тука ќе ги најдете сите детали за автомобилот, од неговата тежина до времетраењето на летот, заедно со неговиот ефермис, односно позицијата на небото. HORIZONS е истиот систем кој ја евидентира положбата на сите небески тела: Сонцето, Месечината, сателити, Марс и слично.

Она што ќе го пронајдете на официјалниот лист со податоци на NASA е дека автомобилот дури и крие неколку тајни кои претходно не ни беа откриени. Во Roadster-от се крие и мини модел на Tesla, направен од Hot Wheels, а и во него има мини STARMAN. Покрај тоа, автомобилот содржи и копија од серијата книги „Foundation“ на Исак Асимов, кои се сместени на хард диск.

Заедно со координатите има и предупредување, кое вели: „Грешките во предвидувањето на положбата можат да се зголемат со тек на време поради непредвиден сончев притисок, термална радијација и забрзувања на објектот кои не се предвидени“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе