Податоците од телескопите кои го снимаат Млечниот пат НАСА ги претвори во преубава мелодија.
НАСА редовно ги претвора дигиталните податоци во преубави фотографии. Овие слики содржат различни бранови светлина и радијација кои се невидливи за човечкото око.
Овој пат НАСА се надмина себеси и работите ги префрли на сосема поинакво ниво. Успеа наместо фотографии, да создаде музика од податоците добиени од телескопите.
Оваа пријатна музика е добиена со тоа шро процесираните податоци, кои се во бинарна форма, односни низи од единици и нули, НАСА ги претвори во звуци наместо во слики.