НАСА лансираше нов топлотен штит наменет за Марс

Хјустон, 13 септември 2018 (МИА) - Американската Национална воздухопловна и вселенска агенција (НАСА) вчера го лансираше и тестираше новиот топлотен штит, налик на чадор, којшто отвара можности за испраќање луѓе на Марс.

„Новата технологија наречена АДЕПТ е сместена во помала, суборбитална ракета, прилагодена за да овозможи заштита на поголем товар кој влегува во земјината атмосфера“, објаснува Брендон Смит, главен истражувач на НАСА за проектот.

АДЕПТ беше тестиран во космодромот во Ново Мексико, при што успешно се врати на Земјата. Формата на самиот штит му овозможува да заштити поголеми површини во однос на досегашните штитови кои се поставуваат на ракетите за да спречат согорување при големите брзини со кои се влегува во земјината атмосфера. Ова може да значи и остварување посложени мисии на други планети во иднина.

„Новиот штит би се употребувал и за експерименти во горната земјина атмосфера и истражување на Венера. Тоа натаму би можело да се користи и за истражувањата на Марс, на пример, или пак, за испраќање на човек на Марс“, додава Смит.

НАСА се подготвува да испрати ново роботско возило на Марс во 2020 година, а летало со човечки екипаж е планирано за 2033 година. Пред да може да испратат луѓе на Црвената Планета, научниците сепак ќе треба прво да однесат опрема и нов топлотен штит.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе