НАСА лансираше пробен систем за пренасочување астероиди

МИА/КАЈГАНА
/ 24.11.2021 / 10:14

Како дел од тестирањето на планетарниот одбранбен систем, НАСА успешно лансираше вселенски брод чија задача е да удри во астероид и да го пренасочи од траекторијата што потенцијално може да доведе до судир со Земјата.

Вселенскиот брод DART беше лансиран на ракетата Falcon 9 од базата „Ванденберг“ во 22:21 часот по локално време од американскиот брег на Пацификот, 240 километри северозападно од Лос Анџелес.

Бродот со големина на мал автомобил се откачи од ракетата неколку минути подоцна и започна патување во длабоката вселена кое ќе трае десет месеци, на растојание од околу 6,8 милиони километри од Земјата.

Remote video URL

Откако ќе се најде на избраната локација, DART ќе се обиде да ја промени траекторијата на еден астероид со чиста кинетичка сила. Ќе удри во астероидот со голема брзина со цел да ја промени неговата траекторија доволно за да избегне судар со нашата планета.

Десет дена пред ударот, од бродот ќе бидат откачени миникамери за да го снимаат сударот и да емитуваат слики назад на Земјата.

Избраниот астероид не претставува вистинска закана за Земјата и е мал по големина во споредба со катаклизмичното небесно тело од овој вид што ја погоди нашата планета пред околу 66 милиони години, кога изумреа диносаурусите.

Научниците велат дека помалите астероиди се многу почести и дека теоретски, тие претставуваат многу поголема опасност на краток рок.

URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе