NASA: Можно е да најдеме живот во близина на Јупитер

Големи количини вода беа пронајдени на Еуропа, една од месечините на Јупитер, и тоа им даде надеж на NASA дека таму би можело да биде пронајден жив свет. До ова откритие беше дојдено откако NASA одново прегледа некои од старите податоци.

Изворот беше откриен откако група научници забележа испакнатина во магнетното поле на Јупитер, кое беше надгледувано од сателитот Galileo уште во 1997 година. Galileo летал отприлика 200 километри над површината на Еуропа кога го забележал изворот со вода.

„Знаеме дека Еуропа има многу карактеристики кои се потребни за таму да постои живот, или барем за живот каков што ние го знаеме. Има вода, има енергија и има мали количини на карбонски материјал. Но прашањето кое сакаме да го одговориме е дали навистина на Еуропа постои живот. Најинтересниот дел допрва доаѓа: изворот веројатно доаѓа од океанот на Еуропа, кој сметаме дека е подготвен да поддржи жив свет“, вели Елизабет Туртл од универзитетот „Џон Хопкинс“.

Истражувањата покажуваат дека на Еуропа постои повеќе од еден извор, а веројатно сите тие доаѓаат од океанот кој се претпоставува дека е двојно поголем од сите океани на Земјата заедно. NASA во 2012 година собираше податоци за овој извор со помош на технологија која користи ултравиолетова технологија.

NASA ќе испрати ново летало да ја надгледува и проучува површината на Еуропа како дел од мисијата Europa Clipper, која се очекува да започне во 2022 година. Целта на мисијата е да се пронајдат докази дека на Еуропа може да постои жив свет и евентуално да се пребара површината на оваа месечина за да се пронајде живот.

Еуропа се смета како еден од главните кандидати за пронаоѓање живот во нашиот Сончев систем, но не е единственото место каде научниците бараат живот. На пример, леталото Cassini на NASA собра примерок од месечината на Јупитер наречен Енселадус и беше докажано дека тие содржат хидроген од хидротермални издуви, елемент кој беше клучен за развојот на животот на Земјата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе