За претстојната мисија на Марс 2020 година, НАСА слета на Исланд каде се подготвува да се увери дали нејзиниот нов вселенски ровер е подготвен.
Петнаесет научници и инженери од НАСА три недели ќе го усовршуваат прототипот на робот за истражувањето на Марс.
Прототипот е мало електрично возило на четири тркала, со два мотори и 12 мали автомобилски акумулатори. Од НАСА велат дека роверот ќе биде неуништлив. Опремен со сензори, камери, роверот е тежок околу 570 килограми и се движи со брзина од 20 центиметри во секунда.
Возилото мора да биде споро за да правилно ги собира податоците и ги испраќа на Земјата, објаснуваат научниците.
Роверот што се испитува на Исланд е прототип на оној што наредната година ќе биде испратен на Марс.
Инаку, Исланд и порано е користен како полигон за обука на астронаутите на НАСА. Во тек на мисијата Apollo 32 астронаути биле на геолошка обука на исландските полиња со лава.
Таквото опкружување на НАСА ѝ овозможува да ја истражи опремата и процедурата онака како што ја изведуваат луѓето, во екстремни услови, но на Земјата.