Наука

НАСА на Марс го пронајде логото на „Star Trek“

15. јуни 2019 - 12:34 | К.З.

Вселената е мистериозна и непредвидлива, а постојаниот напредок на технологијата ни дозволува подобро да ја истражиме и да се воодушевуваме на сите нови откритија. Благодарение на НАСА, сега добиваме шанса да ја видиме површината на Марс, на која беше пронајдено логото на култната серија „Star Trek“.

На една од најголемите кружни вдлабнатини на планинскиот венец, наречена Hellas Planitia на Марс, камерите на НАСА го забележаа логото на „Star Trek“. Изгледа дека животот сепак ја имитира уметноста.

Рос Бајер од Универзитетот на Аризона рече дека логото не е дополнително исклесано во карпите туку е производ на природните појави и влијанија кои се појавуваат на Марс. Овој природен феномен покажува како Марс се развива во текот на неговото постоење. Облиците кои се појавуваат, колку и да претставуваат чудна глетка, не се невообичаена појава на Марс.

Конкретно овој облик настанал пред многу години како последица од вулканските ерупции на дното на базенот, па како што лавата течела и се формирала околу дините, се стврднала во облик на срп и останала таква како што изгледа денес.

Во базенот Hellas Planitia постојат околу 300 вакви слични вдлабнатини, а околу 480 се забележани на подрачјето Noctis Labyrinthus.

Фотографиите се снимени преку камерата на НАСА наречена HiRISE, а беа уловени од страна на леталото Mars Reconnaissance Orbiter.

Коментирај