Роверот Curiosity на Марс сними необичен предмет, налик камен со светкава површина.
Со оглед на тоа дека прв пат наидува на нешто вакво, роверот на НАСА во наредниов период ќе продолжи со испитување на предметот најден на површината на Црвената планета.
Од НАСА сметаат дека се работи за метеорит, пишува Independent.
„Истражувачкиот тим смета дека би можело да е метеорит бидејќи е многу светкав, но изгледот може да нѐ залаже. Затоа мора да направиме истражувања и да дојдеме до хемиски докази“, соопшти Сузан Швензер која е дел од истражувачкиот тим.
Предметот го доби името „Little Colonsay" и е еден од неколкуте предмети што Curiosity ги најде на површината на Марс.
Роверот Curiosity слета на Марс на 6 август, 2012 година и оттогаш ја истражува површината на кратерот Гејл на Црвената планета.