НАСА објави нови фотографии од Јупитер

Можеби не можеме да скокнеме во вселенски брод и да тргнеме во истражување на ѕвездите и планетите, но секогаш може да го следите Instagram профилот на НАСА каде вселенската агенција редовно објавува спектакуларни фотографии и снимки од нејзините мисии во вселената.

Најновото задоволство се новите фотографии од планетата Јупитер, снимени од мисијата Џуно во периодот од октомври до декември минатата година. Вселенското летало било оддалечено само еден дијаметар од џиновската планета кога биле снимени фотографиите, соопшти НАСА.

Оригиналните и преработените фотки од мисијата се достапни на веб страницата на НАСА.

„Секое ново орбитирање нѐ доближува до срцето на радијацискиот појас на Јупитер, а засега вселенското летало успева да ја издржи бурата од електрони околу Јупитер многу подобро отколку што очекувавме“, вели Рик Нибакен, проект менаџер на мисијата Џуно.

Фотографиите на прв поглед изгледаат како уметнички слики, а всушност гледате во дивите, турбулентни облаци во атмосферата на Јупитер.

Научниците Џералд Ајхштад и Шон Доран ги преработија оригиналните фотографии со програмата JunoCam за да доловат пореална слика.

Џуно беше лансиран во 2011 година за да собира податоци за атмосферата, температурата и облаците на Јупитер. Со анализа на овие податоци, ќе може подобро да ги сфатиме потеклото на планетата и целиот Сончев систем, велат научниците на НАСА.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе