НАСА откри како ќе изгледа животот на астронаутите на Марс

Човештвото веројатно е со децении далеку од испраќање луѓе на површината на Марс, но американската вселенска агенција НАСА објави нацрт на нова работилница на високо ниво која покажува како би изгледала триесетдневна мисија на Црвената планета.

Примарно значење за едномесечен престој на Марс е вселенското летало кое ќе превезува астронаути од Земјата, а кое може да послужи и како живеалиште за време на нивниот престој на Црвената планета. Тоа би значело дека е потребна хибридна ракета, која е комбинација од хемиски и електричен погон.

Шемата на НАСА за испраќање луѓе на Марс подразбира две лица во орбитата, додека двајца астронаути би слетале на површина во лендер тежок 25 тони.

Remote video URL

Нацртот на високо ниво содржи 50 клучни точки кои се дел од четири широки категории на човечки истражувања, а вклучуваат инфраструктура на Месечината и Марс, операции и наука.

„Повратните информации што ги добиваме за нашите цели што ги поставивме ќе ни ги даде потребните информации за нашите планови на Месечината и Марс за следните 20 години. Бараме помош за дефинирање на овие цели и сакаме да бидеме што е можно потранспарентни. Со таков пристап ќе најдеме 'дупки' во нашата архитектура, како и областите каде што нашите цели се усогласуваат со оние на индустријата и меѓународните партнери за идни соработки“, изјави Пем Мелрој од НАСА.

Директорот за вселенска архитектура на НАСА, Курт Вогл, изјави дека двајца членови на екипажот би можеле да преживеат во ровер кој ќе служи како истражувачко возило, но и како живеалиште. На овој начин би можеле да се исполнат научните цели.

Remote video URL

Тој додаде дека на НАСА ѝ треба што повеќе време за да се прилагоди на „делумната гравитација“ бидејќи гравитацијата на Марс е еднаква на само една третина од гравитацијата на Земјата.

„Сакаме да дадеме сѐ од себе за астронаутите да можат да возат ровер на површината на Марс уште пред да се навикнат на тоа, да облечат вселенски одела, да излезат на површината и максимално научно да ги искористат 30-те дена“, истакна Вогл.

Со оглед на времето на патување од Земјата до Марс и назад, идната мисија на површината на Црвената планета би можела да потрае две години. Исто така, астронаутите би можеле да поминат 500 дена на површината на Марс, што би значело речиси 1.000 дена одвојување од Земјата.

Сепак, 30-дневното сценарио на Марс изгледа многу пореално со оглед на психолошкиот стрес поради оддалеченоста од Земјата, како и логистичките и финансиските потреби за долг престој на вонземски светови.

По завршувањето на работата на станицата Лунарна порта ( Lunar Gateway), која ќе биде оперативна во орбитата на Месечината, НАСА ќе започне со работа на Транзитното живеалиште (Transit Habitat), кое ќе нуди засолниште за астронаутите на нивното долго и историско патување до Марс.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Вести

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Read more
 

Гик

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе