
Американската вселенска агенција НАСА ги претстави деталите за наследникот на вселенскиот телескоп Џејмс Веб, вреден 10 милијарди долари. Што ќе прави чудото?
Новиот телескоп ќе го носи името Habitable World Observatory (HWO) и ќе има задача да бара егзопланети во вселената слични на Земјата, а се очекува да биде лансиран на почетокот на 2040-тите години.
НАСА неделава откри дека телескопот од новата генерација уште е во фаза на планирање, а новите детали носат возбуда во иднината на астрономијата и се очекува да ги подигне работите на повисоко ниво во потрагата за вонземен живот. Новиот телескоп ќе биде дизајниран и да може да ги сервисира и надградува и роботите во вселената.
Актуелниот телескоп Џејмс Веб во моментов е оддалечен 1,5 милиони километри од Земјата, а на слична оддалеченост ќе се наоѓа и HWO, со таа разлика што Веб користи инфрацрвена светлина, а наследникот ќе „фаќа“ оптичка.