Вести

НАСА потврди, ќе лансира сонда на јупитеровата месечина Европа

21. август 2019 - 13:58 | Ф.З.

Американската вселенска администрација официјално потврди дека работи на мисија за реализирање на испраќањето на сонда на месечината Европа, кое планира да го направи до 2023 година.

Веќе години наназад НАСА зборува за праќање сонда на јупитеровата месечина, но тек сега ги потврди своите планови. Мисијата е наречена Europa Clipper и треба да потврди дали условите на месечината Европа можат да поддржат живот како што се претпоставува.

Во администрацијата работат со темпо кое треба да им овозможи лансирање на сонда во 2023 година, додолку биде сѐ оди по планот.

Месечината Европа на планетата Јупитер е досега најголемиот потенцијален кандидат за живот во нашиот Сончев Систем, покрај Земјата. Европа има кора прекриена со мраз, а досега научните октрија докази и за постоење на морска сол.

Доколку под површината навистина се наоѓа океан како што се претпоставува, тогаш НАСА би можела да открие докази за постоење на живот макар тоа биле само остатоци од некое дамнешно време.

Коментирај