Чек дис аут

НАСА сними „страшна џиновска тиква“ во вселената: Ноќта на вештерките може да почне

31. октомври 2019 - 11:13 | А.С.

Фенерите од тиква се еден од заштитните знаци на Ноќта на вештерките.

Во пресрет на одбележувањето на овој празник, НАСА објави фотографија од „страшна џиновска тиква во вселената“, што всушност е фoтографија од Сонцето направена со помош на телескопот Хабл.

Сите нијанси на Сонцето, кои варираат од светложолта до црна, направиле совршен микс што ја дава оваа неверојатна глетка.

Ноќта на вештерките, на англиски Halloween или Hallowe'en (скратено од All Hallows' Evening /Вечерта на Сите Свети), исто така позната и како Ноќта спроти Сите Свети (All Hallows' Eve), во голем број земји се слави секоја година на 31 октомври, ноќта спроти западно-христијанскиот празник Сите Свети (или Сите Светци).

Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западноевропскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain).

Други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени.

Коментирај