Вести

НАСА со астронаутите на Марс ќе комуницира со помош на ласер

16. февруари 2020 - 16:08 | М.С.

НАСА ја планира мисијата на Марс за 2030 година, а оваа американска вселенска агенција моментално работи на големо унапредување на комуникацискиот систем.

Deep Space Network (DSN) мрежата ќе добие нова „чинија“, односно антена за подобрување на ласерските сигнали.

Овој комуникациски канал ќе биде од клучна важност за астронаутите на Марс.

Ласерите се моќни и допираат длабоко во вселената.

Конструкцијата на главната антена веќе започна во Голдстоун во Калифорнија, а околу неа ќе има уште антени.

Читајте следно:НАСА бара нови астронаути за Месечината и за Марс

Коментирај