НАСА сподели зачудувачка фотка од „насмеано“ Сонце

Короналните дупки во горниот слој на сончевата атмосфера формираа навистина интересен облик.

Може да се каже дека Сонцето беше прилично расположено неделава, или барем така делува според сликите што ги објави американската вселенска агенција НАСА.

НАСА интересната фотографија ја сподели со светот преку својот профил на Twitter задолжен за пратење на Сонцето, а како што е објавено во твитот, овој „насмеан“ лик е резултат на набљудувањето на Сонцето во улктравиолетова светлина и коронални дупки, односно региони со помала густина на плазма во горните слоеви на сончевата атмосфера, од кои во вселената излегуваат сончеви ветрови.

URL

Како и да е, иако овие формирани облици нам ни делуваат интересно, короналните дупки воопшто не се безопасни. Како што неведува SpaceWeather, Сонцето низ нив исфрла тројно повеќе млаз сончеви ветрови директно кон Земјата, што уште в сабота би можело да предизвика аурора бореалис видлива од повисоките географски ширини на нашата планета.

Фотографијата ја сликал сателитот Solar Dynamics Observatory кој се наоѓа во земјината орбита и чии што сензори се насочени кон Сонцето за да направат разни мерења на нашата ѕвезда и нејзината сончева активност. Една од целите на мисијата е да се види како се генерира и структуира магнетното поле на Сонцето и како тоа влијае врз животот на Земјата и на нашите телекомуникациски системи.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Вести

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Read more

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Read more

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Read more

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Read more
 

Гик

Десктоп режимот доаѓа на Android

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Читај повеќе

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе