НАСА тестира нов мотор, 4 пати побрзо ќе се патува до Марс

Нуклеарно-термалните ракетни мотори се побрзи и поефикасни од постоечките, што е значително подобрување за патувањето до Марс.

Иако мисијата Artemis сè уште ги нема вратено луѓето на површината на Месечината, НАСА планира за иднината, односно за историското патување на човештвото до Марс, а за овој потфат ќе бидат потребни нови ракетни мотори.

Вселенската агенција се здружува со американската агенција за одбрана, DARPA, за тестирање на нуклеарно-термички ракетен погон (NTP) во вселената, со цел во иднина да ја користи технологијата за да им помогне на астронаутите да стигнат до Црвената планета.

„Користејќи ја оваа нова технологија, астронаутите ќе можат да патуваат во длабоката вселена побрзо од кога било, што е значајна способност во подготовките за мисијата за патување на Марс“, рече Бил Нелсон, администратор на НАСА.

Во овој случај, „побрзо од кога било“ значи четирипати побрзо отколку што е можно со моторите што се користат моментално. Во рамките на програмата DRACO, тимот на НАСА ќе преземе водечка улога во техничкиот развој на моторот, кој треба да биде интегриран со експерименталното вселенско летало што ќе го додели DARPA. Не само што овој нов тип на мотор ќе им овозможи на астронаутите да патуваат побрзо, туку и времето потребно за да стигнат до нивната дестинација ќе го намали количеството на потребни залихи, ослободувајќи простор за повеќе научна опрема и комуникациски инструменти.

Во 40-тите, научниците шпекулираа за можноста за користење нуклеарна енергија за лансирање вселенски летови, а САД спроведуваат копнени експерименти на тој фронт уште од 50-тите. За жал, буџетските кратења и фокусирањето на други приоритети доведоа до тоа НАСА да го напушти проектот кон крајот на 1972 година, пред да изврши какви било пробни летови.

Секако, и покрај тоа што овие типови мотори носат бројни предности, како што се најмалку трипати поголема ефикасност, NTP не е без ризици, па не е исклучено испуштањето на радиоактивен материјал во околината доколку дојде до дефект во атмосферата или орбитата. Сепак, НАСА тврди дека побрзото патување може да ги намали ризиците за астронаутите доколку нешто тргне наопаку. Првиот пробен лет се очекува да биде изведен во 2027 година.

НАСА исто така работи на искористување на нуклеарната енергија кога конечно ќе пристигне на својата дестинација, поради што, покрај сопствените тестови, ангажираше тројца изведувачи да дизајнираат систем за фисија за снабдување со енергија на површината на други објекти во вселената, што планира да тестира на Месечината.

Во меѓувреме, за прв пат во историјата, САД одобрија мал модуларен нуклеарен реактор, чиј дизајн овозможува изградба на нуклеарен капацитет кој е три пати помал од стандардните реактори. Станува збор за дизајн на компанијата NuScale, кој е способен да произведе 50 мегавати енергија, а би можело значително да ги намали трошоците и сложеноста на изградбата на нуклеарни централи.

Тагови
реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Вести

Научници претворија отпад од лозја во амбалажа што исчезнува за само 17 дена

Read more

Маск или Безос: Кој ќе стигне прв на Месечината?

Read more

Јутјубер го создаде најефикасниот дрон во светот, може да лета 3,5 часа

Read more

Мистерија стара 60 години: Дали ова е локацијата на изгубената советска сонда на Месечината?

Read more
 

Гик

  • filter

Научници претворија отпад од лозја во амбалажа што исчезнува за само 17 дена

Читај повеќе

Доаѓаат „ѕверски“ хард дискови

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск или Безос: Кој ќе стигне прв на Месечината?

Читај повеќе
  • play_arrow

John Wick добива нова игрица, трејлерот откри дека изгледа фантастично

Читај повеќе
  • play_arrow

Јутјубер го создаде најефикасниот дрон во светот, може да лета 3,5 часа

Читај повеќе

iPhone 17e ќе чини исто колку и 16e

Читај повеќе

По кои цени ќе се продава серијата Samsung S26 во Европа?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мистерија стара 60 години: Дали ова е локацијата на изгубената советска сонда на Месечината?

Читај повеќе

Плати 70 милиони долари за две букви: Кој е купувачот на најскапиот интернет домен досега?

Читај повеќе