Вести

NASA: Жените први ќе стапнат на Марс

14. март 2019 - 11:11 | Б.С.Б.

Шансите првата личност на Марс да биде жена се големи, објави неодамна Американската вселенска агенција. Всушност, големи се шансите и следната личност што ќе ја испратат на Месечината да биде жена.

NASA исто така објави дека жени астронаути ќе бидат првите кои ќе имаат чест на вселенска прошетка кон крајот на месецот. Станува збор за астронаутките Ен Меклен и Кристина Коч, пренесува CNN. Вселенската прошетка ќе трае околу 7 часа. И двете астронаутки се дел од класата 2013, во која половина кандидатки се жени.

Првиот човек на агенцијата, Џим Брајденстајн во текот на радио емисија изјави дека најверојатно жена ќе биде првата патничка на Црвената планета. Тој не откри за кого станува збор, но рече дека жените се први во претстојните планови на NASA.

Тој одговараше на прашања на Twitter дали жените ќе бидат вклучени во мисии во вселената, а неговиот договор беше потврден. Тој изјави дека следната личност на Месечината ќе биде жена. Но, некако не успеа во тоа да ги убеди и жените на Twitter.

Првите жени се придружиле на NASA во 1978 година. Денес, 34 проценти од активните астронаути во НАСА се жени.

Коментирај